Понекогаш е време за промени или едноставно за испробување некои нови работи.
Понекогаш е време за промени или едноставно за испробување некои нови работи. Испробајте некоја од овие секси игри и запознајте една сосема нова страна на вашиот партнер.
1. Заменете ја облеката
Да, звучи смешно и тоа е токму она што би требало да биде. Пружете си еден со друг бавен стриптиз, а потоа облечете ја неговата облека. Најзабавниот дел, без сомнение, се крие во долната облека!
2. Играјте некоја улога
Лекар и медицинска сестра или разбојник и секси полицајка, како ви звучи? Фантазирајте и на момент замислете дека сте некој друг. За време на играњето улоги, обидете се да го заведете партнерот и да го натерате на секс кој нема да биде едноставен, со оглед на вашите „професионални односи“.
3. Секси прашања
За најдобри резултати, одберете интимно и мрачно место. Додека уживате во меѓусебното друштво, поставувајте си секси прашања кои во други ситуации не би си ги поставиле.