Една од најпознатите модни блогерки во регионот, Зорана Јовановиќ, во виртуелниот свет попозната како Зораннах, во последно време се почесто експериментира и со фризурите.
Зорана може да се пофали со беспрекорните комбинации што редовно ги објавува на својот моден блог, но и со фризурите кои во последно време се почесто ги менува. Па како што и очекувавме, беше само прашање на време кога ќе почне малку покреативно да го истакнува својот стил и преку косата, а токму таква е и една од нејзините последни фризура со која ја видовме на нејзините фотографии. Станува збор за фризура која е полн погодок во нејзиниот имиџ и вистински хит за оваа сезона.
Таа досега најчесто носеше локни кои се добиваат со фенирање со четка, но таа реши да ја промени бојата така што ја бојадиса косата во сиво. Но бидејќи оваа боја не им се допадна на нејзините фанови, таа реши да се префарба.
По ова Зорана на својот блог објави неколку комбинации на кои носи полупунџа која што се вклопува речиси во сите стилови, па доколку и вие сакате да ја пробате оваа хит фризура, се што треба да направите е добро да го „проучите“ видеото.
{youtube}2Z5QGQRR9_o{/youtube}