Реклама
Наши ѕвезди

Еве зошто Цаки Кисми е крал на кафаните во Македонија – колегите во шок, бакшиш лета од сите страни

Снимките ги објави неговата колешка Марија Луиса, а од нив можеме да видиме како на пејачот гостите му даваат пари.

Реклама

Нашиот познат пејач пееше на една прослава, а на социјалните мрежи исплива видео на кое се гледа како го китат со пари.

Македонскиот крал на кафаните, Цаки Кисми, ги изненади сите со последното видео со него што исплива на социјалните мрежи.

Снимките ги објави неговата колешка Марија Луиса, а од нив можеме да видиме како на пејачот гостите му даваат пари.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Понесени од добрата музика, тие не жалат за парите, а Цаки за неколку секунди доби толку многу бакшиш што одвај го држеше во рацете.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Гостите цело време Цаки великодушно го китеа со банкноти, додека тој не го испушташе микрофонот од рацете и неумоливо пееше.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Од видеото можеме да видиме како Цаки за помалку од 10 секунди заработи многу повеќе од една просечна плата во Македонија.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Од оваа глетка беше шокирана и неговата колешка, која го снимаше моментот и истиот го сподели со фановите на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Инаку, Сашо Нојкиќ, во јавноста попознат како Цаки Кисми со ова покажа дека оправдано ја носи титулата крал на кафеаните.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Тој веќе долги години е на врвот на музичката сцена во Македонија, а забавата на неговите настапи е неминовна.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Цаки знае публиката да ја освои и со својот ведар дух и позитивна енергија што ја шири, а прекарот Кисми го носи од групата со која свири.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Тој е популарен во Македонија, но и во дијаспората каде исто така знае да направи луда забава која се памети.

Фото: Инстаграм/ Марија Луиса

Токму затоа Цаки и го носи прекарот „македонскиот крал на кафеаните“, а тоа впрочем можевме да се увериме и од овие легендарни снимки за кои уште долго време ќе се зборува.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button