БизнисВести

Еве како можат да ви ги соберат сите пари од картичката – Македонец останал без своите 30.000 денари

Внимавајте со кого зборувате на Фејсбук

Advertisement

Многу наши граѓани наседнуваат на овие превари

Во последно време на интернет се случуваат најразлични превари што оставија многу наши сограѓани со празни џебови.

Advertisement

Од оние што преку СМС ви пристигнува порака во врска со непостоечка пратка (види тука), па до огласите кои нудат парични позајмици, измамниците се присутни насекаде и навистина смислуваат генијални начини како да дојдат до вашите пари. Тие најчесто се преставуваат како правни или физички лица, а од оштетените лица бараат или да им уплатат пари за некои наводни трошоци, или пак бараат да дојдат до податоците од вашите кредитни картички.

Измама преку СМС

Па така на интернет постојат и бројни лажни продавници кои наводно продаваат брендирана облека или обувки за многу пониски цени, па откако ќе ги внесете податоците од картичката и ќе извршите уплата, не само што ќе останете без парите, туку можат да ви ги соберат и сите останати што ги имате на картичката.

Advertisement

Токму таква една измама овие денови ни откри еден читател, кој сакаше да остане анонимен, но во исто време сакаше да ги предупреди останатите како и на некој друг не би му се случило истото.

Многумина ќе ги испратат податоците

Имено, ова лице на неколку странски страници на Фејсбук споделил фотографии што ги правел со телефонот.

Фотографирањето му било хоби, па преку овие страници разменувал искуства со луѓе од целиот свет во врска со оваа негова пасија која што, за жал, овој пат поприлично скапо го чинела.

Една сомнителна порака

Како што ни објасни во неговата порака, деновиве го контактирала една девојка преку Фејсбук , која се преставила дека работи за странска компанија и дека сакале де ги откупат правата за неколку негови фотографии. Нејзиниот профил воопшто не изгледал сомнително, како ни разговорот, така што на крајот, кога се договориле за сумата што требало да му биде уплатена, а која воопшто не била мала, му побарале да ги испрати податоците од картичката.

И тука ја направил најголемата грешка, им ја фотографирал картичката од двете страни, откривајќи ги сите податоци, по што тие му ја испразниле сметката, така што останал без ниту една банка на картичката.

Фото: Фрипик

Постојат и лажни продавници

Потсетуваме, неодамна и една жена се пожали дека сакала да порача патики што се рекламирале на Фејсбук, од познат бренд.

Патиките се продавале на попуст од 70 %, но откако ги уплатила парите веднаш се посомневала, само што веќе било доцна.

Станува збор за интернет продавници кои изгледаат како вистински, но кои измамниците ги користат за своите превари.

И бидејќи ваквите случаи се секојдневие во нашата земја (повеќе за овој случај прочитајте тука), ги советуваме нашите читатели да бидат крајно внимателни кога сакаат да купуваат нешто преку социјалните мрежи и најдобро да избегнуваат нерегистрирани продавачи и непроверени интернет адреси од непознати продавници.

Еве како изгледа еден лажен профил

Исто така избегнувајте да оставате ваши лични податоци на интернет и не верувајте во сé што ќе видите на социјалните мрежи – измамници демнат на секој чекор, па ваквите измами се секојдневие.

На овој начин ги прават своите измами…

Испраќаат линк каде треба да ги оставие вашите лични податоци…

Внимавајте со кого комуницирате…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button