Реклама
Култура[тор]

Добар Si-fi: Iron Sky

Реклама

При крајот на Втората Светска војна, тајниот Нацистички вселенски програм избегнал уништување бегајќи на темната страна на Месечината. Преку 70 години во потполна тајност, нацистите конструирале гигантски вселенски тврдини со бројна војска на летачки чинии, припремајќи се за инвазија на Земјата!

Маркетинг

Авторите на филмот активно соработувале со својата публика и фанови на сите нивоа: од содржината до финансирањето и реклама. Луѓето кои биле заинтересирани за филмов можеле да придонесат за него на различни начини: барајќи филмот да се прикажува во нивното место на живеење користејќи систем наречен Crowd Controls, како и соработувајќи во создавањето на филмот на признатата платформа Wreckamovie и инвестирајќи во него. 10% од буџетот на филмот стасал од фанови!

alt

Маркетинг

Оваа финско-германска-австралиска научно фантастична комедија е режирана од Timo Vuorensola, а сценариото е на Johanna Sinisalo и Michael Kalesniko. Филмот трае 93 мин, а јазици кои се употребени се англиски и германски. Ново филмче, овогодинешно!

alt

Особен придонес за целокупниот изглед, т.е. слика и поим за филмот дава култниот словенечки бенд Laibach кои направија музика како пресликана форма на филмуваните кадри.

alt

Режисерот на филмот за својот избор на музика кажува:

„Седев во сауна со својот тим и еден од нас, Jarmo Puskala, се досети дека треба да направиме филм за нацистите на Месечината. Јас се согласив и моето прво барање беше дека ако го правиме тоа, сакам Laibach да ја работи музиката за филмот. Во тие моменти тоа беше недостижна идеја, но во мојата глава остана како општ стилски водич, не само за музиката, туку за целиот пристап кон филмот, и конечно, кога дознав дека се заинтересирани за работа на филмов бев во екстаза. Нивниот оригинален смисол за хумор и симпатичен и прониклив пристап навистина ќе запалат искра во омразениот жанр на филмска музика. Се надеваме дека ќе создаде нешто како она што Вангелис направи за Blade Runner – но не само музика за филм, туку тотално нов свет кој одекнува низ музика“!

{youtube}Py_IndUbcxc{/youtube}

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button