Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Дневен хороскоп: Лавот ќе биде нервозен, а Скорпиите нема да се сложуваат со партнерот

Реклама

Интересен ден за некои хороскопски знаци.

Овен

Денес ќе успеете на вистински начин да се справите со некои проблеми на работното место. Повремена напнатост во комуникацијата со најблиските. Вие лично сте добро расположени, па ќе бидете спремни да преминете преку некои ситни провокации.

Бик

Имате направено план на приоритети и дневни обврски, па ќе се трудите да ги завршите во дадениот рок. Некои колеги ќе ви помогнат и вие ќе им бидете благодарни. Не ви се допаѓа тврдоглавоста на саканата личност.

Маркетинг

Близнаци

Денес ќе сакате некои ситуации да ги доведете во ред и да ги свртите во своја корист, па многу е веројатно дека ќе успеете во тоа. Можно е некој од колегите да се обидува да манипулира со вас, но брзо ќе го средите. Една личност постојано ви се вовлекува во мислите.

Рак

Денес ништо посебно нема да ви се случува, а вие би можеле да го искористите времето за да завршите некоја своја приватна обврска. Потребата за емотивна сигурност ќе ви биде доста силна, па целосно ќе се свртите кон саканата личност.

Маркетинг

Лав

Се обврзивте дека ќе завршите некои работи, па сега трчате како мува без глава, за да завршите навреме. Ќе имате нервози, но ќе се обидувате да се контролирате. Уште една кавга со саканата личност. Можно е ситните работи да прераснат во нешто посериозно.

Девица

Некој денес ќе ви постави услови за кои не сте сигурни дали можете да ги прифатите. Можно е поголем дел од денот да го поминете во голема гужва, обидувајќи се да ги почитувате роковите кои ви се дадени. Воведете малку страст во вашата љубовна врска.

Вага

Вашата организација во деловниот сегмент ќе ви биде доста добра, па ќе можете да ги завршите оние обврски кои ви се најзначајни. Ви годи позитивната критика од страна на соработниците или надредените личности. Можност за средба со некој кој ве привлекува.

Скорпија

Имате некои големи обврски од претходниот период, па сега ќе чувствувате голем товар. Денес е ден за опуштање од некои напнати моменти и можно е да се трудите да избегнете големи гужви. Нема да се сложувате целосно со вашиот партнер.

Стрелец

Денес би можеле да слушнете интересни вести од страна на вашите колеги. Ќе имате причина да бидете задоволни, иако сте свесни дека резултатите уште ги немате видено. Во контакт сте со прилично повлечена личност која не издава ништо за себе.

Јарец

Вие сте многу отворена личност и денес ќе ви пречи некој од вашите колеги кој на итар начин ќе се обидува да извлече нешто од вас. Најверојатно сте во право со вашиот однос. Ќе бидете отворени кон некој со кој од неодамна сте во контакт.

Водолија

Денес изберете ги приоритетите и не дозволувајте другите да ви го одземат вниманието. Концентрацијата ќе ви биде особено важна за да не направите некои пропусти. Премногу очекувате од саканата личност, а вие не сте подготвени да се прилагодите.

Риби

Вие лично се трудите многу да им помогнете на вашите соработници и колеги. Затоа ќе ви пречи личноста која постојано ќе се обидува да најде изговори и да се повлече од ситуацијата, па целиот товар да ви припадне вам. Луѓето се едноставно такви, прифатете го тоа.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button