Диети

Брзо и здраво до помалку килограми: Двонеделниот план за слабеење на д-р Оз

Реклама
Реклама

Ако веќе сте испробале низа диети кои се покажале како неуспешни и барате нешто ново и интересно, можеби ќе ве заинтересира планот за слабеење на популарниот доктор Оз кој се спроведува две недели и дава одлични резултати.

Маркетинг

Доктор Оз е многу популарен токму поради неговите бројни совети за здравјето, па меѓу другото, има и решение за жените кои се трудат да ослабат. Тој препорачува здрава храна и мали порции на протеини за полесно губење на килограмите. Јаглехидратите треба да се избегнуваат.

Оброците треба однапред да се испланираат и подготват, иако нивната подготовка  нема да ви одземе многу време.

Што можете да јадете?

Маркетинг

Наутро на празен стомак треба да испиете чаша топла вода со половина исцеден лимон. За појадок можете да си направите смути по желба или да направите комбинација од јогурт, овошје, замрзнати бобинки, банани, бадемово млеко и сл.

За внесување на протеини, потребно е да јадете месо еднаш дневно, и тоа пилешко, мисиркино или риба. Ако навистина не можете без јаглехидрати, тогаш можете да си дозволите половина шолја интегрален ориз дневно, но тоа во краен случај. Потрудете се да го избегнете оризот или да го замените со зеленчук.

Можете да користите маслиново масло, но во умерени количини. Млечните производи се строго забранети, единствено можете да пиете јогурт и тоа една шолја дневно.

Зеленчук можете да јадете во неограничени количини – артичока, брокула, прокељ, цвекло, целер, краставици, ротквици, домати, леќа, грав, зелка, печурки, пиперки, кромид, блитва, тиквички, сезонска зелена салата (цикорија, ендивија, ајсберг…).

Ако посакате грицки можете да се послужите со ореви, а меѓу оброците не треба да јадете ништо туку да пиете зелен чај.

Супа за детоксикација

Состојки:
–    3 литри вода
–    1 голема главица кромид, исечкан
–    2 моркови
–    1 шолјичка коренест зеленчук
–    2 стапчиња целер
–    1/2 шолја зелка
–    свеж ѓумбир
–    сол

Исечете ги состојките и ставете ги сите заедно во лонец да се варат на тивок оган околу 1 час а може и малку подолго. Додадете зачини по вкус. Извадете го зеленчукот од супата и ставете го во стаклени садови кои можете да ги ставите во замрзнувач. Пијте супа 3-4 пати дневно, малку подгреана.

Што да исфрлите од исхраната?

–    јаглехидрати (освен интегрален ориз)
–    вештачки засладувачи и шеќер
–    алкохол
–    кофеин
–    млечни производи
–    не јадете по осум часот навечер.

Во текот на двете недели на спроведувањето на овој план за исхрана се препорачува да земате пробиотици и мултивитамини и секој втор ден да се релаксирате во када полна со вода во која ќе ставите 2 лажички сол и 1 лажичка сода бикарбона.

Што треба да набавите?

Направете список што треба да набавите пред да одите во продавница и придржувајте се кон него. Пред да ја започнете диетата набавете кафеав ориз, маслиново масло, балсамико, зелен чај, сода бикарбона … Месото и зеленчукот можете да го купувате по потреба, на пример на неколку дена, или еднаш неделно. Најважно е однапред да испланирате што ќе јадете, барем за еден ден, да ги набавите потребните намирници на време и да ги подготвите планираните оброци, за да не паднете во искушение да ја прекршите диетата.

Извор: doctoroz.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button