Диети

Диета со овошје и зеленчук: Изгубете четири килограми за само една недела

Реклама
Реклама

Ретко кој не сака да јаде овошје или зеленчук, посебно што ова се широки категории во кои спаѓаат различни видови од кои секој може да си најде свои омилени.

Не мора да повторуваме дека овошјето и зеленчукот се здрави, содржат витамини и минерали неопходни за функционирањето на нашиот организам, истовремено помагаат да се исчисти организмот од отровите и да се стопат несаканите масни наслаги.

Маркетинг

Оваа диета е многу популарна бидејќи е прилино едноставна и ефтина, а гарантира губење на три до четири килограми за една недела. Дозволено е да се спроведува само еднаш месечно, што значи дека откако ќе ја завршите, можете да ја повторите следниот месец доколку сакате, но во меѓупериодот треба да избегнувате нездрава и мрсна храна.

Маркетинг

Се препорачува во текот на диетата да се занимавате со некоја лесна физичка активност, што дополнително ќе го забрза слабеењето. Секој ден се пијат 8-12 чаши вода. Доколку не се наведени количини, од наведената храна се јаде колку сакате.

Ден 1: секакво овошје по ваш избор, освен банани. Се препорачуваат лубеница и диња поради малиот број на калории.
Ден 2: голем варен компир и зеленчук (варен или сиров) по ваш избор
Ден 3: секакво овошје освен банани, варен или сиров зеленчук по избор
Ден 4: 8-10 банани, 3 чаши млеко
Ден 5: супа од домати, шолја варен ориз или 6 големи домати
Ден 6: шолја варен ориз, варен или сиров зеленчук по избор
Ден 7: шолја варен ориз, зеленчук по избор, свежо цедени овошни сокови

Извор: Toptijelo.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button