Диети

ДИЕТА СО ВОДА: Дали оваа диета е навистина добра за губење килограми?

Реклама
Реклама

Постојат многу диети кои може да бидат штетни по вашето здравје – дали и оваа „диета со вода“ е една од таквите?

Постојат два вида на диети: здрави и оние кои се штетни по здравјето! Добра диета ви помага да усвоите поздрав начин на исхрана и воопшто животен стил, одржувајќи ве активен со консумирање на намирници кои се добри за вашето здравје, а истовремено без да кратите од есенцијалните хранливи материи.

Маркетинг

Другиот вид ви нуди брзо губење на несаканите килограми, но истовремено делуваат штетно по целокупното здравје и како врв на сé, после прекинувањето на тој начин на исхрана, најчесто за брзо време се враќа вишокот на килограми! Сега ќе направиме една анализа преку која ќе откриеме во која категорија спаѓа диетата со вода…

Што претставува диетата со вода?

Маркетинг

waterdiet5

Овој вид на диета спаѓа во најновите трендови, со многу варијации кои имаат еден заеднички елемент: екстремност. Не јадете и пиете само вода. Некои диети со вода ви кажуваат да пиете вода неколку денови, но дозволуваат во менито да додавате зеленчук и овошје, откако ќе започнете да губете килограми. Други диети со вода дозволуваат да консумирате јаболка со водата.

„Ова е само друго име за постење“, е коментарот на еден регистриран диеталец и соосновач на „Апетит за добро здравје“, Џули Аптон.

„Доколку сте здрава личност, неколку дена постење нема да ви делуваат штетно“, вели Аптон, „ Но сепак тоа претставува лош начин на губење на килограми. Ќе бидете толку гладни и веднаш по завршувањето на режимот ќе се вратите на ’нормалниот‘ патерн на исхрана и на така само ќе ги повратите тешко загубените килограми за брзо време“.

waterdiet4

Кои се ризиците од диетата со вода?

Кога главното (и единствено) мени ви се состои само од вода, телото губи круцијални хранливи елементи кои му се неопходни. Краткорочните резултати се губење на голем број килограми, од кои најголем дел ќе бидат течности, а не и масти.

„Ќе загубите повеќе мускули споредено со луѓето кои губат тежина како резултат на препорачана редукција на калории (од 500 до 800 калории од нормалното внесување на истите). Ова значи дека (кога еднаш ќе прекинете со Диетата со вода) ќе треба да јадете далеку помалку (за да ја задржите намалената тежина), бидејќи вашето метаболичко ниво значително ќе се намали“, додава Аптон.

И ако не примате доволно вода за време на постот, ризикувате нуспојави како дехидрација, која што може да предизвика вртоглавица, губење на свест, запек и главоболки – а топа се само неколку од сите можни негативни последици.

А што е со диетата со ладна вода?

waterdiet3

Ова всушност и не е диета – не постојат рестрикции на она што ќе го внесувате во исхраната, единствен услов е дека водата треба да биде ладна додека ја пиете! Телото гори екстра калории затоа што треба дополнително да се загрее од внесената ладна вода, за да ги достигне нормалните и потребни 36.5 степени. (колку е поладна водата – толку повеќе калории се согоруваат). Пиењето на големи количини на вода исто така ве прави да се чувствувате сити подолго време, со што истовремено постојат и помалку шанси од прејадување. Истовремено водата ги чисти и сите токсини кои се натрупуваат во телото.

Краен заклучок

waterdiet2

Сите треба да пиеме големи количини на вода секој ден, но така не треба да се залажуваме дека јадеме! Една од најпознатите медицински клиники која е специјализирана на оваа тематика сугерира пиење на минимум 2 килограми вода секој ден (посебно во топлите периоди од годината) и истите да бидат што е можно поладни, како би се согориле екстра калории.

„Но доколку сакате да загубите килограми и потоа да ја задржите таа тежина, водата не е начин на кој тоа ќе го постигнете. Едноставно намалете го ’мрзливите‘ калории (дополнителниот шеќер, заситените масти) и почнете да вежбате. Ќе се чувствувате многу подобро и многу поголема е веројатноста да ја задржите новостекнатата тежина“, заклучува Аптон.

Извор: ivillage.com

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button