Диети

Диета со туна – здрава и вкусна!

Реклама
Реклама

Оваа диета овозможува без поголем напор да изгубите 1,5 kg за 3 дена.

Маркетинг

Диетата се држи три дена, па четири дена јадете нормално, секако, без претерувања, па потоа можете пак да ја повторите. Секој ден задолжително се јаде порција туна. Туната содржи фосфор, витамин Д, омега 3 масни киселини, кои го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања, ги подобруваат функциите на мозокот и помагаат во намалувањето на тежината. 

 ДЕН 1 

Маркетинг

Појадок: црно кафе или чај, ½ цитрон или овошен сок, 1 двопек (тост) намачкан со путер од кикиритки (или сусам)

Ручек: 100-150 г. туна во салата со рукола, краставица, чери домати, 1 лажица варен наут или пченка, црно кафе или чај

Вечера: 100 г. варено говедско месо, 200 г. динстана боранија, 200 г. рендан морков со малку лимонов сок, една мала чинија пудинг од ванила (околу 100 г.), 1 средно јаболко, црно кафе или чај, вода

 ДЕН 2 

Појадок: црно кафе или чај, 1 варено јајце, 1 тост, 1 банана

Ручек: 200 г. туна, 5 крекери, црно кафе или чај, вода

Вечера: 200 г. пилешки гради на скара, 100 г. морков на пареа, 200 г. брокула на пареа, 1 банана, една мала чинија пудинг од ванила (околу 100 г.), црно кафе или чај, вода

 ДЕН 3 

Појадок: црно кафе или чај, 5 крекери, 30 г. кашкавал, 1 средно јаболко

Ручек: 1 варено јајце, 1 тост, црно кафе или чај

Вечера: 200 г. туна, 100 г. обарен морков, 100 г. карфиол на пареа, 1 средна крушка, една мала чинија пудинг од ванила (околу 100 г.), црно кафе или чај, вода

Додатни напомени:

– Во текот а диетата можете да пиете црно кафе, чај и вода (колку сакате). 

– Туната може да се зачинува со неколку капки лимон.

– Пилешкото и говедското можат да се заменат со туна. 

– Пожелно е вечерата да биде најдоцна во 18 часот. 

– Секој ден треба да шетате барем 30 минути.

Поврзано

Back to top button