Реклама
MAMAКафе муабет

Денес ти простувам, не затоа што заслужуваш, туку затоа што ЈАС заслужувам мир

Реклама

Денес ти ги простувам сите болки кои ми ги нанесе. Ти простувам што замина без збор и ми го сврте грбот во најтешките времиња кога најмногу ми требаше.

ФОТО: lifespan.org

Ти ги простувам сите намерно направени работи за да ме оттргнеш од тебе, кои ме оставаа во солзи со денови. Ти простувам што никогаш не ми ја подари љубовта која ми ја ветуваше, туку останаа во воздухот само празни зборови кои ми одекнуваа во мојата глава. Но знам дека ти ми помогна да го согледам светот од поинаков агол, за да можам да ја видам посветлата страна на животот.

Ти простувам, но не затоа што заслужуваш, туку затоа што јас заслужувам мир. Заслужувам да продолжам напред и да ја барам својата среќа. Ниту малку не заслужувам да живеам во минатото и со спомените. Затоа, ти простувам, за да можам со чисто срце да чекорам кон мојата иднина. Понекогаш големите грешки не’ чинат скапо, но никогаш не доаѓаат без лекција.

Маркетинг

На овој ден, ти простувам и ти подавам рака, за да се обидеш да го примиш моето разбирање и мојата сочувствителност. Со моето простување сакам да те оставам во минатото и да те гледам само како уште една скала која ми помага да се воздигнам повисоко.

Секој има свој пат даден од Бог кој треба да го чекори, а нашите души не беа за на ист пат. Затоа, ти простувам, зашто сакам со чиста душа да го пречекам утрешниот ден…

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button