Реклама
MAMAРецепти

Декоративни и вкусни: Чоколадни бомбици кои ќе ве воодушеват!

Реклама

Овие чоколадни бомбици спаѓаат во оние колачиња кои не се печат, лесно се сервираат и изгледаат одлично.

Потребни состојки:

  • 200 грама шеќер
  • 1 децилитар вода
  • 125 грама маргарин
  • 50 грама мелени ореви
  • 50 грама кокосово брашно
  • 250 грама мелени бисквити
  • 25 грама чоколадо за готвење
  • 100 грама желе бонбони
  • 100 грама суво грозје
  • 4 лажички шеќер за посипување

Начин на подготовка: Ставете ги шеќерот и водата на оган па оставете ги да зовријат неколку минути, па тргнете ги. Додајте го маргаринот и чоколадото за да се растопат. Постепено додавајте бисквити, ореви и кокосово брашно. Сите состојки добро измешајте ги. Ситно исечете ги желе-бонбоните, а сувото грозје натопете го со вода и процедете го, па додајте ги во смесата. Правете бомбици, а во средината ставете парчиња желе бонбони. Посипете ги со шеќер и ставете ги во хартиени корпички.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button