Можеби русокосите на прв поглед изгледаат дека се најпривлечни, најсекси и „се трошат“ најмногу кога е во прашање сексот, но верувајте – црвенокосите ги шиат во секој поглед.
Според студијата на проф. Вернер Хабермел, сексуален научник од Хамбург, Германките во однос на сексот, меѓу другото, се разликуваат и по својата боја на коса. Па така атрактивните црвенокоси девојки, според оваа студија, имаат многу повеќе секс отколку нивните русокоси сопернички. Тие сексуално се многу поактивни од другите девојки, имаат многу повеќе партнери и почесто практикуваат секс од просекот.
Според оваа студија тоа е така бидејќи црвената коса е реткост, таа е со разиграна привлечност (а со ова ги провоцира претставниците на посилниот пол) и потсвесно укажува на младоста и плодноста. Па така доколку жена сака да го збогати својот сексуален живот таа треба само да скокне до својот фризер и да се офарба во црвено.
Премини на следната страна >>