Реклама
Блогерија

Еве зошто многу девојки ќе се препознаат во цитатот на една од најпознатите блогерки во регионот

Реклама

Станува збор за цитат од песната „Do what you gotta do“ на легендарната Нина Симон кој на Инстаграм го напиша модната блогерка Зорана Јовановиќ.

Несомнено, многу девојки ќе се пронајдат во зборовите што ги напишала Зорана „Man I can understand how it might be kinda hard to love a girl like me..”, како што и многу од нив ќе ги сметаат за уште една празна фраза, на која нема да обрнат внимание …

Маркетинг

Денес во брзата трка за пари и успех, некои млади дами успеваат да испливаат на површината и да се спротивстават на патријархалната средина и традицијата, да бидат успешни во кариерата и да ги остварат своите соништа.

Но, проблемот настанува кога една ваква млада жена ќе наиде на партнер, кој можеби нема да се чувствува доволно сигурен во себе и моќен покрај една ваква независна и успешна жена. Факт е дека многу бракови и љубовни врски се распаднале токму поради оваа нерамнотежа во нивните односи која за жал, се уште изгледа чудно. Колку тажно, нели?!

Маркетинг

Претставничките на понежниот пол во последно време се сé понезависни, многупати и поуспешни од нивните партнери, а некои од нив ги користат токму социјалните мрежи и интернетот во комбинација со книги, образование и литература, како и со црвен кармин, добар фотоапарат и високи потпетици за да бидат успешни и два чекора пред другите. 

А зошто па да не!? Да, колку и да звучи шашаво, ова во реалноста функционира, без разлика на тоа дали му се допаѓа некому или не …

Да, оваа девојка е потполно во право и целосно ја разбираме пораката што сака да ја пренесе со нејзиниот цитат. Според нас, треба само да се следи нејзиниот успех, бидејќи тој всушност е одраз на пост модернизмот и поп културата на сегашноста, кои сакале или не, стигнаа и пред нашите порти, така што останува на вас да одлучите дали ќе се качите на тој воз, или ќе останете да живеете заробени во традицијата како потполни странци во сегашноста. Токму како што кажа Енди Ворхол, секој во својот живот ги добива барем еднаш своите пет минути слава, а ако добие и повеќе, БРАВО за него!

Па, БРАВО за Зорана и за сите како неа! Колку и да ви звучи ова како празни зборови, оваа девојка како и многу други како неа, знае како да заработува и да живее убаво, што за нашите простори навистина може да изгледа како невозможна мисија.

Но дали е така?

Извор: Блиц.рс, Штипка

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button