Реклама
Рецепти

Бурек од готови кори како од пекара

Реклама

Време за подготовка: 40 минути

Состојки:

·    500 гр. готови кори
·    500 гр. сирење
·    50 гр. путер
·    250 мл. вода
·    125 мл. масло

Маркетинг

Подготовка:

Во еден подлабок сад ставете ја водата и маслото и додадете сол. Во кружна тава премачкана со путер ставете две кори, при што треба да внимавате краевите од корите да бидат надвор од тавата. Попрскајте со мешавината од масло и вода. Потоа наредете неколку кори, гужвајќи ги за целосно да влезат во тавата. Нанесете го издробеното сирење.

Повторно испрскајте со вода и масло и ставете згужвана кора. Повторете ја постапката и ставете го преостанатото сирење. Попрскајте со масло и вода, па ставете ја последната кора.

Маркетинг

Првите две кори, чии краеви се надвор од тавата, се пресвиткуваат кон навнатре. Попрскајте со масло и вода. Се пече во рерна на 180 степени околу 25 минути.

Добар апетит!

Извор: kuhinjica.rs

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button