Реклама
Рецепти

Брзи крофни со џем

Реклама

Овие крофни се прават многу лесно и едноставно во калапи за мафини и тоа за многу кратко време. Што е најважно од сé – ќе се изненадите колку се вкусни!

Маркетинг

Рецептата за овие прекрасни крофни ја пронајдовме на блогот 20somethingcupcakes. Во крофните не се става квасец, па така нема потреба да чекате да стасува тестото што секако ви заштедува време. Многу се вкусни, лесно се прават, а наместо во форма на кругови, се прават во форма на топчиња, се полнат со џем и се печат во рерна.

Состојки:

·    1 1/3 шолја (oд 250 мл) брашно
·    7 гр. прашок за пециво
·    1/3 шолја шеќер
·    1/3 шолја млеко
·    7 лажици масло
·    1 јајце
·    1/2 лажичка екстракт од ванила
·    12 лажички џем по желба (по една за секоја крофничка)
·    1/2 шолја путер
·    1/2 шолја шеќер

Маркетинг

Вклучете ја рерната да се загрева на 200C. Измешајте ги со виљушка млекото, јајцето, маслото и ванилата. Додадете го и брашното, прашокот за пециво и 1/3 шолја шеќер, па се убаво измешајте. Не грижете се за грутчињата што се прават, лесно ќе се распаднат со помош на виљушка или дрвена лажица. Нема потреба премногу да ја мешате смесата, бидејќи крофните ќе ви бидат тврди.

Сипете ја смесата во калапи за мафини намачкани со масло (12 калапи) така што секој калап ќе го наполните до помалку од една третина, па ставете по една лажичка џем. Потоа врз џемот налејте уште по малку од смесата така што ќе се наполнат по 2/3 од секој калап.

Ставете ги крофничките во рерната и печете околу 20 минути додека не заруменеат и нараснат. Во меѓувреме стопете го путерот на најниска температура и оставете го покрај шпоретот да биде топол. Во посебен сад ставете го преостанатиот шеќер. Кога ќе се испечат крофничките, извадете ги од калапот, потопете ги во путерот, па валајте ги во шеќерот. Послужете ги топли.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button