Реклама
MAMAКафе муабет

Можеби сега не сте свесни, но болката секогаш ве учи на нови животни лекции

Реклама

Тешко е да сфатиме дека после болката секогаш доаѓа животната лекција. Тешко е да се издржи во страдањето, но преку него секогаш растеме и учиме како да станеме подобри личности. Животот понекогаш изгледа дека не е фер. Мислиме дека светот ни се руши и дека се’ што гледаме е само болка. Но, зошто да не помислите на сето она што ќе произлезе од ова?

ФОТО: addictionhope.com

Можеби сега не сфаќате колку работи учите. Но, вие созревате во времето кога вашите чувства се повредени, а вие мислите дека немате излез. Ова е времето кога треба да бидете најсилни и најпосветени на својот живот. Секако, постојат повеќе видови болка. Фиизчка болка, психичка… Додека физичката може да ви изгледа тешка во моментот, емоционалната болка е таа која боли најмногу. Но, изборот е ваш. Дали ќе продолжите да се жалите и да се затворате во себе, или ќе соберете храброст и ќе успеете да испливате на површина.

Можеби во моментот не сте свесни, но болката ви дава одговор на многу прашања. Откако се’ ќе помине, ќе добиете еден „клуч“ за многу информации кои ќе ви бидат корисни за во иднина. Можеби нема да ги користите утре или задутре, но во животот ќе наидете на скалило кога ќе сфатите дека сте пораснале и дека не постои за вас невозможна мисија.

Маркетинг

Лекциите ќе ви се исплатат. Да, оние лекции кои ги добивте преку болка, срам и вина. Болката за која мислевте дека нема да ви донесе ништо добро во животот, ќе ве научи како да се борите за подобро утре.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button