Бела маица – наједноставното парче облека што ви нуди безброј модни комбинации

Според советите на бројни славни модни икони, белата маица е едно од неколкуте парчиња облека кои задолжително треба да се најдат во вашиот плакар, доколку сакате да изгледате модерно и убаво.

ФОТО: shefinds.com

Покрај фармерките и потпетиците, не постои ништо друго што е толку класично, а така женствено, како обичната бела маица. Таа е модерно парче облека кое можете да го носите во сите годишни времиња, но сепак, најпопуларна е во пролетната сезона. Неа можете да ја комбинирате слободно со сите други парчиња облека, без да имате дополнителни проблеми. Едноставноста ви дава бесконечни можности за комбинирање.

Во комбинација со капут

Кога ќе се стопли преку ден, откопчете го својот капут и сите останати слоеви, па дозволете ѝ на белата маица да ве приркаже во одлично светло.

ADVERTISEMENT

Бела маица со кожна јакна

Белата маица совршено одговара во комбинација со кожна јакна, па ова е идеална пролетна комбинација која можете да ја носите секојдневно.

Под сако

Ако сте љубители на спортска елеганција, имајте на ум дека белата маица со сако е идеална комбинација за сите прилики.

 

 

Facebook Comments
(Visited 321 times, 1 visits today)
Loading...