Вие сте одозгора? Тој е одозгора? На под? Надвор? На задното седиште во автомобилот?
Разговаравме со некои наши пријателки и еве ги нивните најдобри сексуални пози и искуства со кои тие секогаш го доживуваат големото О. А доколку и вие имате некој предлог или нешто ВАЖНО што сме го испуштиле, слободно пишете ни во Инбокс на Фејсбук. И секако, која сте и што сте ќе остане наша мала тајна, а ќе ве претставиме со лажно име и презиме, и работна позиција која што самите ќе ја измислиме. На крајот на краиштата, НЕ сме тука заради нечие име и презиме, туку заради ваше и наше задоволство. Но, да се вратиме на темата. Еве што велат неколку Македонки за нивните омилени пози во сексот.
Маја, медицинска сестра во една приватна болница во Скопје
Легнувам на грб и нозете ги ставам околу неговите плеќи. Тој ми го подига задникот, со градите се потпира на задниот дел од моите подколеници и пенетрира што е можно подлабоко. Оваа позиција нагалено ја викаме „ нежен ритам за врескање“, бидејќи ми причинува големо задоволство и речиси секогаш кога ја практикуваме доживувам оргазам.
Александра, новинарка во еден портал (но НЕ во нашиот!)
Ок. Јас најмногу ја почитувам мисионерската поза. Знам дека тоа можеби не го очекувавте, но тоа ми е омилената поза. Само што, за разлика од многу други девојки, јас воопшто не сум мирна кога ќе се најдам во таква ситуација. Секогаш „дишам“ длабоко и силно, со ноктите го грепкам партнерот по неговиот грб, понекогаш го притискам за задникот и се обидувам да му го наметнам темпото кое што јас го сакам. И да.. понекогаш знам и да кажам некои валкани (ама навистина валкани!) работи додека го правам тоа. (Се смее)
Афродита, вработена во администрација
Да ви кажам искрено, без многу лажење, омилена поза ми е кога сум исправена, со главата свртена кон ѕидот, и тој од задниот дел продира во мене, држејќи ме силно за дланките или рацете кои се потпрени на ѕидот. И да.. највозбудливо е кога тоа го правиме кај мене во канцеларија, кога постои голема веројатност некој од претпоставените да влезе. Не знам зошто, но тоа ме возбудува, а најверојатно го возбудува и мојот партнер. Оваа поза на шега ја викаме „Омилената поза на Моника Левински“
Милена, невработена професорка по математика
Омилена поза ми е doggy style, кога ќе му се свртам со задникот и тој полека ќе влезе во мене. Понекогаш ќе ме фати за рацете и нежно ќе ме повлече кон него со што ми причинува такво задоволство кое не можам да ви го опишам со зборови. Оваа поза со саканиот ја нарекуваме „секси миленик“ и најдоброто е во тоа што можеме да ја направиме на било кое место. Еднаш ја пробавме во дворот на една вила во Маврово. Ни беше преубаво и на двајцата!
Весна, вработена во УЈП
Обожавам кога ги држам работите под контрола. Ова не треба буквално да го сфатите, туку сакав да кажам дека ја обожавам позата кога тој лежи на неговиот грб, а јас сум легната врз него и контролата ја имам 100 % во мои раце. Ова е најбрзиот начин да доживеам оргазам, а воедно и да му кажам дека и во оваа игра јас сум шефот… (Се смее.)
Ликовите се измислени, но не и приказните …