Лажирањето оргазми е многу честа појава.
Лажирањето оргазми е многу честа појава. Дури 60% од жените признале дека барем еднаш одглумиле оргазам. Ако ова ви премине во навика, може да доведе до сериозни проблеми со интимноста, пад на самодовербата и проблеми во врската. Ако не му кажете на вашето момче што ви се допаѓа и дека нешто не е во ред и, всушност, не доживувате оргазам, тој ќе мисли дека сè е во ред и нема да може да се потруди повеќе. Затоа, наместо да се преправате, најдобро е да бидете искрени и да зборувате отворено. Кажете си што би сакале да правите во креветот, што ви се допаѓа а што не. Студиите покажале дека поотворените и попозитивни партнери кога се однесува на сексот, постигнуваат поголемо сексуално задоволство. Ако прави нешто што не ви се допаѓа, немојте да молчите туку убаво кажете му го тоа.