Што се случува со стилот на Анџелина Џоли? Се откажува од модата или едноставно сака да ја сокрие анорексичноста?
Познатата актерка во последно време избира необични комбинации
Темни оверсајз џемпери и долги црни фустани со ремен крој се само дел од модните парчиња што во последно време ги избира Анџелина Џоли. Нејзиниот стил е видно променет, а доказ за тоа се и овие фотографии на кои изгледа како да го облекла она што прво и паднало на дофат на рацете. Црно здолниште со должина до под колена во комбинација со сив волнен елек кој е врзан на половината и рамни сандали со ремени – комбинација која без проблем би можеле да ја оцениме како нејзино најлошо издание досега. Таа на фотографиите изгледа како старица која воопшто не е загрижена за својот изглед, а на прво место и е комфорот.
Што мислите – што се случува со нејзиниот стил? Дали таа намерно ги избира овие комбинации сакајќи да го сокрие вистинскиот изглед на нејзиното тело и да ги сопре постојаните критики дека изгледа преслабо или во прашање е нешто друго?
На следната страна погледнете и други комбинации кои ќе ви покажат дека ова не е изолиран случај и дека во блиска иднина можеме да очекуваме и други вакви необични комбинации на познатата актерка …