Како изгледа Амал Клуни по породувањето, без шминка и во кратко здолниште!
Новопечената мама во спортско шик издание
Во последните неколку месеци познатата актерка имавме прилика да ја видиме само два пати. И додека првиот пат се појави во малку поформално издание, бидејќи стануваше збор за комбинација која што ја носеше кога беше на вечера со нивните пријатели, сега станува збор за фотографии на кои парот е во сосем обично издание. Имено тие беа фатени додека се шетаат, очигледно сакајќи да им избегаат на неуморните папараци.
Амал носеше кратко здолниште во комбинација со црна маица со тренди натпис од Sundek која преку Интернет може да се порача за 39 долари. Познатата адвокатка спортската комбинација ја заокружи со бели патики, а во слично издание беше облечен и нејзиниот сопруг.
Па, мораме да признаеме дека Амал и во едно вакво едноставно издание изгледа одлично. Што мислите вие?