Холивуд

Никогаш НЕ изгледала послабо – погледнете како богатата наследничка го лечи скршеното срце

Advertisement

Богатата наследничка тагата ја лечи со шопинг

Advertisement

По се изгледа дека богатите не се разликуваат многу од нас „обичните смртнички“ кои по болни животни случувања се полниме со позитивна енергија со некоја драстична бјути промени или шопинг со кои се обидуваме да заборавиме на проблемите и да ја намалиме болката.

Тоа барем важи и за Петра Еклстон (28) која пред неколку недели поднесе барање за развод од сопругот милионер, 35 годишниот Џејмс Стант, кога јавноста дозна и дека со години психички и физички ја злоставувал. Добрата страна е што имаат потпишано предбрачен договор, а и двајцата ги ангажираа најпознатите адвокати во Британија.

Advertisement

Синооката наследничка и клаберка, која често беше на листите меѓу најсексапилните жени на светот, денес е мајка на 4 годишната ќеркичка Лавинија и 2 годишни близнаци, поради кои потполно се смири, но разводот остави последици на неа, а тоа можеме да го забележиме и од овие фотографии на кои Петра изгледа послабо од кога било досега.

Таа беше фотографирана додека со нејзината сестра Тамара и нејзината ќерка и сопруг додека беа во шопинг. Петра за оваа пригода носеше кратки тексас шорцеви во комбинација со црвена маица, популарни Гучи папучи со крзно, ранец и темни очила. Иако ќерката на Берни Еклстон често беше критикувана поради својот преслаб изглед, не е тешко да се забележи дека ова е нејзиното „најтенко“ издание досега, но овој пат никој не ја обвинува, имајќи го во предвид сето она низ што поминува богатата русокоса дама. Од друга страна пак, нејзиниот татко Берни ја убедува јавноста дека неговата ќерка е посилна од кога било досега и дека потполно е посветена на семејството кое и е најголема утеха во овие тешки моменти.

Петра и нејзиниот наскоро поранешен сопруг треба да го поделат имотот во вредност од 5.5 милијарди фунти и да склучат договор околу старателство, што најверојатно нема да помине лесно, имајќи го во предвид темпераментот на богатиот бизнисмен кој често знаеше да се предозира за време на нивниот брак. Тогаш нејзиниот татко за британските медиуми изјави дека е пресреќен со одлуката на ќерката да го напушти Џејмс. Тој отворено зборуваше пред новинарите дека животот со зетот бил пекол.

Според медиумите, нивниот развод ќе биде еден од најскапите на светот…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button