Блогерија

Стилот на ова шестгодишно девојче го обожаваат најпознатите модни инсајдери (фото)

Advertisement

Коко има 125 илјади фанови на Инстаграм

Advertisement

Кога Вог прв пат пишуваше за Коко Пинк Принцес, ИТ девојчето од Јапонија, нејзиниот профил на Инстаграм имаше само 12 000 фанови. „Шестгодишно девојче кое се облекува подобро од повеќето возрасни“ гласеше тогашниот наслов на познатата модна Библија кој малата Коко ја турна на самиот врв меѓу сериозните (возрасни) модни инфлуенсерки. Од тогаш до денес Кого „заработи“ преку 100.000 следбеници. На овој начин девојчето од Токио стана влијателна Инстаграм личност чиј стил го следат сериозни модни инсајдери, а од нејзините фотографии можеме да заклучиме дека во плакарите има повеќе дизајнерски парчиња отколку што можеме да најдеме во првите редови на сите наши досегашни модни недели. Малата Коко едноставно има стил за извоз, а и неверојатен талент за позирање. Нејзините родители во Токио ја водат популарната винтиџ продавница Funktique, па веруваме дека во нејзиниот стил и помага нејзината мајка Мисато но тоа на крајот на краиштата не е ни важно, бидејќи девојчето е нетипично симпатично и неодоливо во естетиката која потсетува на познатиот бренд Vetements.

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button