Блогерија

Три девојки, еден прекрасен костим за капење со висок струк

Advertisement

Костим за капење кој е хит на Инстаграм

Advertisement

Едноделните модели во црвена бој не вратија во златното време на популарната серија Baywatch, карнерите не потсетија на романтичните униформи за годишен одмор, а едноставните бикини во неутрални бои повторно се покажаа како совршен класичен избор. Но помеѓу популарните трендови за оваа сезона се вратија и ретро моделите, а костимот за капење кој својата ретро силуета ја спои со извезен цветен дезен на темносина позадина дефинитивно е еден од оние кои ќе го имаат главниот збор оваа летна сезона.

Моделот го потпишува дизајнерката Стела Макартни, а неговата популарност ја потврдија и бројни блогерки. Па така Луси Вилијамс, ИТ Британка со непогрешен моден израз, овој модел го носеше со едноставни папучи во кафеава нијанса, Рејбан очила за сонце, а преку него носеше прозрачна кошула од лен со долги ракави и создаде моќна комбинација.

Advertisement

Од друга страна пак, Британи од блогот Thrifts and Threads истиот костим за капење го носеше во малку погламурозен изглед. Таа го носеше во комбинација со очила за сонце од Givenchy и марама врзана околу главата со која изгледаше фантастично додека уживаше на јахта.

Модерен и гламурозен look постигна и дизајнерката на чевли Халеј Бојд која со едноставни модни додатоци во бела и беж нијанса ја нагласи неговата ретро силуета. 

Комбинацијата е инспирирана од винтиџ модата, а минималистичките сандали од Marais дополнително го подигнаа целиот изглед.

Па, дали ви се допаѓа овој модел?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button