Прва модна грешка на Меланија и тоа со фустан од 17.000 долари
Не е се во парите, има нешто и во стилот
Меланија Трамп во екот на гласините за нивниот развод се појави со сопругот на свеченоста во театарот „Форд“ во Вашингтон на која што му одаде почест на поранешниот претседател на Америка, Абрахам Линкон.
Но овој пат Првата дама ја направи својата прва модна грешка.
Комбинацијата од фустанот во боја на шампањ и салонките од Manolo Blanik не ја воодушевија модната критика. Нејзините класични високи потпетици добија позитивна оценка но не и детаљот на фустанот кој се наоѓа во прделот на половината.
Кројот на фустанот со потписот на Моник Лилија (и кој чини околу 17.000 долари) го „проголта“ убавото тело на првата дама и направи тоа да биде во втор план. Покрај тоа фустанот е предолг па таа мораше да го држи со рацете.
Па, дали ви се допаѓа Меланија во ова издание?