Суптилните провокации кои водат до спонтан секс се нешто што го прави односот помеѓу две личности многу поубав.
Суптилните провокации кои водат до спонтан секс се нешто што го прави односот помеѓу две личности многу поубав. Еве неколку совети како да ги препознаете тие сигнали…
Туширање и депилација
Речиси нема жена која пред сексот не проверува дали треба да отстране уште некое влакно од своето тело. Тие сакаат да бидат свежи, чисти и миризливи, но и без потребни влакна на телото.
Лакирање на ноктите
На мажите ретко ќе им падне на ум да проверат дали жените имаат убаво лакирани нокти, но тие пак сакаат да се чувствуваат што поженствени и да привлечат внимание, па затоа наоѓаат време да ги лакираат своите нокти, барем оние на нозете.
Долна облека
Кога жените очекуваат секс, внимаваат да не додјат до ситуација кога мажите ќе им ги видат широките гаќи, односно обичните памучни кои се поудобни. Кога постои можност за секс, секоја жена ќе одбере провокативна долна облека и нема да ѝ е гајле колку неудобно се чувствува во неа.
Чаша вино… или две
Пред сексот, жената со задоволство ќе се напие една или две чаши вино. Дури и ако со истиот маж веќе имала сексуални односи, сепак, повторно има трема и размислува дали сѐ ќе биде во ред. Затоа посакува да се опушти со вино или некој друг омилен алкохолен пијалак.
Секси облека
Жената во секој момент сака да се чувствува секси, а тоа особено ќе сака да го истакне кога е веројатно дека со мажот ќе заврши во кревет. Баш како и за долната облека, жената со часови може да размислува што ќе облече, а спортската блуза и фармерките сигурно последни ќе ѝ паднат на памет.