Секс

Време е да се соочиме со суровите вистини за љубовта

Advertisement

Само затоа што сте се заљубиле во некој, тоа не значи дека таа личност ќе биде добар партнер за вас и тоа на долги патеки.

ljubov2

Advertisement

Љубовта е емоционален процес, сложувањето е логичен процес

И самите знаете дека можете да се заљубите во личности кои не се добри за вас, кои не ве почитуваат и со кои не делите исти животни амбиции.

Кога сте во потрага по партнер, не само што треба да го користите срцето, туку и умот. Секако дека ви требаат луѓе поради кои ќе имате пеперутки во стомак. Но, исто така е потребно да ги процените нивните вредности, како се однесуваат кон другите, а како со себе, нивните амбиции и општите погледи на животот. Затоа што ако се заљубите во некој кој не ви е компатибилен, нема баш најубаво да си поминете.

Advertisement

Од близнаците треба да се пазите затоа што тие се вистински шарлатани – овие знаци се најголеми лажговци >>

Љубовта не ги решава проблемите во врската

Марк Мансон пишува дека тој и неговата девојка лудо се сакале. Но, живееле во различни градови, а нивните семејства не се сакале. И често се карале. Но, после караниците брзо се смирувале. Нивната љубов правела да се чувствуваат како да ги надминуваат сите проблеми, но на реално ниво, апсолутно ништо не се променило.Ниту еден проблем не се решил. Двајцата си тежеле еден на друг. Целата ситуација станувала се потешка, а сепак издржале три години. Врската завршила со лошо раскинување и голема лекција: „Иако љубовта може да направи да се чувствувате подобро кога ќе дојдат проблемите во врската, тоа нема да реши ниту еден проблем.“

ljubov2 cr

Не вреди секогаш да се жртвувате за љубовта

Еден од показателите дека сакате некого е тоа што не мислите само на себе и своите потреби, туку се грижите и на вашите партнери да им биде добро. Но, прашањето кое не се поставува толку често е: Кога љубовта вреди за да се жртвуваме за неа?

На жена која е родена во овој хороскопски знак ниту еден маж не може да и одолее >>

Во врските е сосема нормално за двете страни понекогаш да се „жртвуваат“, односно да направат отстапка или компромис, да ги жртвуваат своите желби, потреби и време за другата страна. Тоа е нормално и здраво и во голем дел е заслужно за траење на среќната врска.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button