Рецепти

Розе вино во лименка – совршен пијалак за преку лето!

Реклама
Реклама

Винце или пивце, прашање е сега

Виното полека но сигурно го зазема своето место, и тоа на сметка на пивото, и тоа е сосема нормално затоа што Македонија е земја на виното иако се уште многумина нема да се согласат со тоа. Како и да е ние веќе неколку години наназад ги сакаме црвените вина, а со доаѓањето на топлото време, нивната поблага и попивка rosé опција. Овие вина ги пиеме како по работа, за време на викендите, во друштво па дури и сами, а нивни фанови сме во овој период од годината токму заота што се пивки и лесни.

Маркетинг

Кликнете и погледнете ги најдобрите ресторани во Скопје >>

Токму затоа и потполно се воодушевивме од новиот производ кој ни доаѓа од сончевата Калифорнија. Станува збор за винаријата Scribe Winery која го претстави Una Lou Rosé виното, односно розé вино во лименка со атрактивен дизајн. Едноставната сребрена лименка е со винтиџ графика и може да се најде во четири примероци со цена од 40 долари (!), а зад целиот проект стојат Ендру Мариани и Лиа Ајсес (Andrew Mariani i Lia Ices,), брачниот пар кои ова розе вино го креираа во чест на нивната прва ќерка, Une Lou, пишува Вог.

Маркетинг

Una Lou Rosé е направено од грозјето Пино ноар од Карнерос, а се одликува со пивкост, лежерност и овошни ноти кои се постигнати со млад бибер. Лименката ја задржува свежината и вкусот на виното, а не мораме да нагласуваме колку е идеална за летните дружења и луѓето кои се во движење. Оваа идеја можете подетално да ја истражите на нивната веб страна (задолжително погледнете го прекрасниот дизајн на веб страната!), а додека некој на домашниот пазар не се досети на еден ваков производ (мислам дека вино во лименка се произведува и кај нас, но тоа е светлосни години далеку од приказната со Una Lou Rosé) ќе не најдете на некоја тераса (или на клупа) како си пиеме сангрија со мнооогу мраз која сами си ја направивме.

Пијалок што ќе го обожавате – сангрија со јаболко и цимет >>

И за крај би сакале да ве прашаме едно прашање. Што мислите, дали во Македонија ни фали еден ваков производ кој ќе биде наменет за помладата генерација? Вино имаме, креативни луѓе што би го осмислиле маркетингот – исто така, па во што е тогаш проблемот?

Што мислите вие?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button