Реклама
Рецепти

Пијалок кој ќе го обожавате: Сангрија со јаболко и цимет

Реклама

Грејаната ракија или вино со додатоци на цимет, каранфилче и сл. се типични пијалоци кои не загреваат и расположуваат зимно време.

Маркетинг

Љубителите на шарени и егзотични коктели кои се пијат летно време можат да испробаат нови рецепти за коктели кои се пијат во текот на есента и зимата. Сангријата која лете ја пиеме со лед може едноставно да го смени рувото и со вистинските додатоци да стане вистински есенско-зимски пијалок. Можете да ги поканите пријателите и заедно да уживате во ова слатко задоволство или едноставно да ја зачините семејната вечера.

Потребни состојки:

·    1 литар бело вино
·    3 шолјички ракија од јаболки (по желба можете да додатете и ¼ јаворов сируп)
·    1 шолја минерална вода
·    ½ шолја бурбон
·    4 стапчиња цимет
·    2 јаболки исечени на парчиња
·    2 круши исечени на парчиња
·    2 сливи исечени на парчиња

Маркетинг

Измешајте ги сите состојки заедно во голем бокал и додадете го овошјето исечкано на ситни парлиња. Оставете да се излади во фрижидер (најдобро во текот на ноќта) и уживајте во прекрасниот вкус!

Извор: fashion.hr

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button