Реклама
Холивуд

Познатата пејачка ги премина сите граници – дали би се прошетале вака низ центарот на Скопје?

Реклама

Тексасот е во мода, но Ријана овој пат ги премина сите граници

Познатата пејачка се прошета низ Њујорк во неверојатно широки фармерки и уште поголема тексаа јакна, а целата комбинација дополнително ја зачини со начинот на кој ја носеше истата, т.е. со нејзиното провокативно деколте кое откри дека под него не носи градник.

Маркетинг

Но ова не е единственото издание со кое ни покажа дека ги сака предимензионираните парчиња. Таа и на 69. Parsons Benefit настанот, на кој што доби признание за својата работа и како дизајнерка и уметник, носеше оверсајз кафеав костум со долги и широки ногавици на кои носеше шпиц салонки во бела боја. Целиот стајлинг е заокружен со „wet look“ боб фризура со која дополнително го „нагрди“ нејзиниот изглед, па слободно можеме да кажеме дека ова е едно од нејзините најлоши изданија во кои сме ја виделе досега.

Маркетинг

Фармерки со кои не можете да поминете незабележано >>

Можеби изгледа модерно, но дефинитивно не и стои убаво! 

Пет минути со Дејана и Дукса – креативците кои ги прават најубавите тоте ташни во градот >>

Или пак, можеби тоа е и целта, односно сите знаеме дека Ријана сака да експериментира со модата и дека нејзините игри секогаш не освојуваат од прва, но и дека е една од ретките девојки која знае да ги премине границите, па да изгледа шик дури и кога греши.

Што мислите вие?

Единствените панталони кои ќе ви требаат оваа сезона >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button