Реклама
Холивуд

Еве која е девојката што на венчавката на Ким Кардашијан се појави во тренерки!

Реклама

Како тоа воопшто го дозволи познатата старлета?

Фотографијата од венчавката на Ким Кардашијан и Канје Вест на Инстграм во рекордно време има собрано милиони лајкови.

Маркетинг

Романтичната глетка во која тие се бакнуваат најверојатно е првото нешто што на сите ќе им падне на памет кога ќе се спомене славната венчавка. На церемонијата во Фиренца Ким носеше венчаница од Givenchy, а парот во дворецот дојде со кочија. И токму поради сиот тој раскош информацијата дека некој на нејзината венчавка се појавил во тренерка и обична маица звучи потполно неверојатно. Но тоа се случи, и тоа во такво издание се појави една од најдобрите пријателки на Ким Кардашијан.

Маркетинг

Имено, станува збор за нејзината лична асистентка Сефани Шепард која со познатата старлета работи уште од 2013 година, а со годините се здоби и со ласкавата титула оперативна директорка на Кардашијан-Вест брендовите. Покрај тоа што добро стои со Ким, таа има добар однос и со нејзините сестри – оди на вежбање со Клои, се дружи со Кендал и Кајли, секоја година добива одлични божиќни поклони од нивната мајка Крис, а поради блискиот однос со Кортни многумина ги задеваат дека се во врска.

Но колку и да ви звучи гламурозно нејзиниот живот во високото друштво да бидете вработени во семејството Кардашијан-Џенер воопшто не е лесна работа. Не станува збор секогаш само за позирање, убава облека, шминки… Многу често се случува да треба да се засукаат ракавите и да се фрлите на вистинска работа, а токму затоа и на едно од најпознатите венчавки во последната деценија Стефани се појави во тренерки.

„Бев на венчавката, но не како гостинка туку деловно. “ откри таа за Refinery29. Таа додаде и дека не ја ни видела целата церемонија бидејќи целото време била зад камерите. Нејзината работа, покрај другото, вклучува и снимање на поинтимните моменти на семејството, кога екипата сниматели од шоуто не е баш најпосакувана.

„Снимав додека се подготвував. Тогаш Кетлин го изгуби костумот па јас морав да го пронајдам, но и да им помогнам и на останатите девојки, за да на крајот сите и помогнеме на Ким… Во целата таа збрка немав време за себе па на венчавката морав да одам извалкана, во долен дел тренерки и обична маица“, откри Стефани три години по настанот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button