Три важни љубови и три важни лекции.
Три важни љубови и три важни лекции. Дури и да не сте премногу емотивни, сигурно до сега сте се заљубиле повеќе пати, а според списанието „Elefant, само три љубови се посебни во вашиот живот. Треба да имате предвид дека секоја од нив е присутна во вашиот живот токму поради некоја причина.
Прва љубов
Обично станува збор за љубов која се развива додека сте млади, а најчесто во средношколските денови. Тогаш се јавува идеализирање и најчесто потсетува на бајките кои сте ги читале како деца.
Втора љубов
Втората љубов би требало да е потешка. Таа се однесува на запознавање нови работи кои се учат преку болни лекции. Партнерите учат за себе и сфаќаат колку често сакаат да бидат сакани. Втората љубов предизвикува тага, без разлика дали е поради лага или манипулација.
Трета љубов
Оваа љубов не ја очекувате, затоа што често може да се случи во погрешен момент. Таа најчесто ги уништува идеалите кои ги имате создадено за тоа како треба да изгледа љубовта.