Реклама
Секс

Момци, време е да научите: Жените не сакаат секс само затоа што сте им платиле пијачка!

Реклама

Прочитајте го ова искрено писмо од една блогерка, која го упатува до сите мажи кои очекуваат секс од девојката, само затоа што им платиле пијачка и фино се однесувале кон нив.

platile

Прочитајте го ова искрено писмо од една блогерка, која го упатува до сите мажи кои очекуваат секс од девојката, само затоа што им платиле пијачка и фино се однесувале кон нив.

Маркетинг

Драги мажи, вие кои мислите дека заслужувате секс со мене само затоа што сте биле љубезни, имам нешто да ви соопштам. Знам дека тоа ве проведува, затоа што се чувствувате како некој да ве лажел. Уште од мали сте научени дека така треба да се однесувате кон девојките, а вашето друштво ве учи дека заслужувате девојка која треба да изгледа како супер модел, која е совршена и која ќе стане ваша кралица. Вам ви е кажано дека за возврат на убавото однесување, вие ќе добиете љубов, секс и страст. Научени сте дека можете да имате секс кога ќе пораснете и ќе постигнете нешто. Но, дали некој ви рекол дека не можете да натерате некој да ве сака со сила?

Љубовта не е она што го гледате во порно филмовите и за неа не постои упатство. Затоа и се разочарувате кога ќе ве одбие некоја девојка кон која сте биле љубезни. Вие сте склони да мислите дека жените ја искористиле вашата љубезност, па накрај ве одбиле, дека не ценат што вие правите за нив и дека тие не заслужуваат ништо повеќе од вас. Но, вие не сте единствените повредени во оваа ситуација, затоа што и вие нѐ лажете нас. Нѐ лажете кога велите дека сте добри, глумите љубезност со цел да добиете секс. Лажете кога велите дека нѐ почитувате, дека сте џентлмени, а ниедна девојка не ве сака. Лажете дека се грижите за жените, а единствено се грижите за тоа што може таа жена да направи за вас. Но, не нѐ лажете само нас, туку и самите себе. Се лажете кога кажувате дека ме гледате како личност, а не како сексуално посакуван објект или што и да ви е на ум. За вас јас сум само секс-машина.

Маркетинг

Знам дека понекогаш сте повредени, но не сте единствени. Друштвото ве лаже, а вие пак ме лажете мене, затоа што секогаш кога сте љубезни јас мислам дека можеби сум пронашла нов пријател кој ме прифаќа онаква каква што сум. Затоа, време е да престаните да го правите ова!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button