Реклама
Секс

Пет работи кои НИКАКО не смеете да ги користите како лубрикант

Реклама

Никогаш не е доволно од фантазирањето и игрите во креветот.

1 lubrikant

Никогаш не е доволно од фантазирањето и игрите во креветот. Сето тоа е во ред, затоа што во сексот треба постојано да истражувате и да барате нови задоволства. Еден од тие начини е и користењето лубриканти. Сепак, експертите советуваат дека треба да внимавате што користите, затоа што вагината не е место каде што можете да ставите што било.

Маркетинг

Еве што треба да избегнувате:

Вазелин

Маркетинг

Вазелинот е дизајниран за да создава заштитен слој на кожата, за подобро да зарасте при повредата. Тоа значи дека кожата не го впива и дека може да остане на ѕидовите на вагината. Исто така не е добро да го комбинирате со кондоми од латекс, затоа што ќе ги оштетат.

Кокосово масло

Слично како и вазелинот, и ова масло може да ги оштети кондомите од латекс, но има и антибактериски својства, што може да ја уништат вагиналната флора.

Лосион за тело и крема за раце

Некој би рекол дека сѐ што е хидратантно, може да послужи како лубрикант, но тоа не е така. Овие производи не се наменети за внатрешна употреба, а може да ја уништат и pH вредноста на вагината и да предизвикаат иритации, особено ако се парфимирани.

Течен сапун

Овој сапун е за дезинфекција на раце, па мислите дек е безбеден и за интимната зона? Никако! Тој може само да предизвика чешање.

Храна

Многумина сакаат со храната да ги зачинат своите сексуални акробации, но се знае каде е нејзиното место. Доколку залута во вагината, може да предизвика разни инфекции. Затоа, бидете внимателни!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button