Секс

Знаци кои покажуваат дека имате ужасно момче

Advertisement

Секоја жена ќе признае дека барем во одреден период од животот не може да си го замисли своето постоење без партнер до себе.

 1 uzhasno

Advertisement

Секоја жена ќе признае дека барем во одреден период од животот не може да си го замисли своето постоење без партнер до себе. Но, работите не се секогаш онакви какви што изгледаат во приказните. Понекогаш момчињата може многу да ја изневерат вашата доверба, а ако вашиот партнер го пронајдете во повеќето од овие знаци, тогаш тоа е индикатор дека тој е ужасен и треба да размислите за промени.

1. Се чувствувате виновни кога сте среќни. Не можете да му раскажете за забавата, како ви поминал викендот или за некои случувања на работа. Чувствувате дека морате да внимавате на сѐ што правите, затоа што тој ви наоѓа забелешки за секоја ситница.

2. Се однесува како да му должите секс. Дали ви купува вечера? Ги измил садовите? Ве земал од работа? Следете дали истото ќе го искористи против вас и дали ќе ве натера да се чувствувате како да му должите секс.

Advertisement

3. Секогаш ве разочарува. Кога се радувате за некое случување, тој или откажува или вие се карате, па ви ја уништува целата вечер.

4. Никогаш не ве поддржува, дури ни во малите работи. Не му се допаѓаат вашите објави на социјалните мрежи или никогаш не ви дава комплимент за вашиот изглед.

5. Не сака да имате машки пријатели. Тврди дека ви верува вам, но не и на момчињата. Постојано споменува дека сите момчиња само сакаат да ве одведат в кревет.

6. Прави да се чувствувате дека имате лош вкус. Не ги гледа вашите омилени серии, не ги слуша вашите омилени песни и постојано се смее на вашите избори. Тој го уништува сето она што вие го сакате, иако знае дека ви значи многу.

7. Премногу долго му треба за да ви одговори на пораката. Ако не му се јавите први, нему воопшто и нема да му текне на тоа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button