Реклама
Секс

Можеби на почетокот не ви пречат, но овие работи со текот на времето можат да станат огромен проблем во вашата врска

Реклама

Некои работи кои ги толерирате на почетокот на вашата љубовна врска, не ќе можете да ги толерирате после неколку месеци.

Некои работи кои ги толерирате на почетокот, не ќе можете да ги толерирате после неколку месеци. Еве за кои навики поточно станува збор.

Маркетинг

1. Неговите излегувања

Велат дека спротивностите се привлекуваат. Така, вие сакате мирни ноќи поминати дома, додека тој обожава излегување во клубови до ноќни часови. На почетокот најверојатно ќе мислите дека со текот на времето тоа ќе се промени, но секогаш постои шанса тоа да не се случи.

Маркетинг

2. Неговите цели во кариерата

Некои луѓе би направиле многу работи, само за да напредуваат во својата кариера, додека пак некои би седеле дома и не би работеле ништо. Без оглед во која група припаѓа вашето момче, ако сега не ви се допаѓа неговата работна етика, со текот на времето тоа би можело да стане голем проблем.

3. Неговиот став за деца

Можеби не мислите на тоа во овој момент, но понатаму ова може да ви биде тешко прашање. Ако не се согласувате во врска со тоа дали, кога и колку деца сакате, големи се шансите тоа никогаш да не се промени. А што потоа? Потоа ќе почнете да размислувате дека сте требало порано да раскинете, кога прв пат ви го кажал своето мислење на таа тема.

4. Неговото минато

Иако знаете дека претходно ги изневерувал сите свои девојки, во почетната фаза тоа не ви пречи, затоа што сте лудо заљубени и не можете да си замислите ниту еден момент без него. Но, првиот пат кога ќе почне да се однесува поинаку, вие ќе почнете да се сомневате, а неговото минато ќе почне да ви пречи.

5. Драстично различните сексуални очекувања

Луѓето имаат многу различни сексуални очекувања и желби, а ако никогаш не пронаоѓате компромис, тоа со текот на времето ќе преставува поголем проблем.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button