За да изградите сексуална самодоверба, потребно е искуство.
За да изградите сексуална самодоверба, потребно е искуство. За да го зајакнете истото ќе ви помогнат и овие неколку чекори со чијашто помош ќе се чувствувате целосно задоволни.
1. Бидете кралица на сопственото задоволство
Добро е познато дека жените кои често се самозадоволуваат, имаат повеќе самодоверба во сексот, а и наоѓаат повеќе задоволство затоа што знаат самите да си пружат оргазам.
Нема да ви се верува што велат научниците зошто сакаме орален секс >>
2. Научете своето тело да го гледате како секси
За да стекнете сексуална самодоверба, важна е љубовта спрема вашето тело. За да го постигнете ова, важно е да вежбате. Облечете облека во која се чувствувате удобно, ставете штикли или некој друг додаток кој ќе направи да се чувствувате посакувано. Вежбајте пред огледало и навикнувајте се на оваа идеја.
3. Изговорете ги овие магични зборови
Никој не може да ви ги прочита мислите, па ако нешто сакате, тоа мора и да го побарате. Ова правило особено вреди во сексот. Ако партнерот при сексуалниот однос прави нешто што не ви се допаѓа, подобро е да му го кажете тоа. Па, не заборавајте да ги изговорите и овие зборови: Ајде да пробаме вака. Веднаш ќе ја забележите разликата!