Иако мажите не сакаат да зборуваат за менопаузата, таа ги мачи и нив.
Иако мажите не сакаат да зборуваат за менопаузата, таа ги мачи и нив. Од многу симптоми, британските научници издвоиле четири најдоминантни, кои, заедно со ниското на тестостерон, во голема мера го нарушуваат животот на посилниот пол во овој, за нив нов период од животот, познат како андропауза. Со тестирање на 32 различни симптоми, било утврдено дека клучни се уморот, недостатокот на енергија, импотенцијата и депресијата. Мажите покажале неспособност за постигнување ерекција во утринските часови, слабо либидо и еректилна дисфункција. Од друга страна, ниското ниво на тестостерон се поврзува со неспособноста за подигање товар, одење повеќе од еден километар, отежнато свиткување, клекнување и слично. Меѓутоа, промените во ритамот на спиење, лошата концентрација, чувството на бескорисност, како појави кои се поврзуваат за „машката менопауза“, не се условени од оваа состојба.
Позната ви е 69 позата во сексот, но погледнете ја оваа која е уште поефикасна од неа >>