Ако ги има овие три карактеристики, не испуштајте го! Тоа значи дека е фантастичен во сексот
Постојат неколку начини како да откриете дали мажите се талентирани или не за водење љубов пред да завршите со нив во креветот.
Еве на што треба да внимавате:
На неговиот шарм никој не може да му одолее
Оние кои се подготвени на сé, без разлика дали е морално или не, како би ја постигнале својата цел во животот можеби не се идеални за животен сопатник, но бидете сигурни дека се одлични во креветот. Ако се топите пред него уште додека сте покрај него на некоја забава, бидете сигурни дека во спалната соба ќе биде многу, многу поинтересно и подобро.
Се забележува и ништо не може да го изненади
Тој забележува се, па дури и неважни ситници како на пример кога левата нога ја ставате преку десната кога седите. Маж кој обраќа внимание на секоја ситница во врска со вас ќе биде подеднакво внимателен и во сексот и детално ќе се посвети на вашето задоволство.
Неговите раце знаат што да прават со вас!
Не зборуваме сега за маж без манири, туку за тип на мажи кои со ваша дозвола сакаат да ви ја допираат косата или лицето. Ако така ги користи рацете, а има доволно самоконтрола да не отиде предалеку во недозволената зона, тогаш тој мора да е и неверојатен љубовник.