Диети

Најпопуларни диети: Орниш диета

Реклама
Реклама

Орниш диетата помага во губењето на вишокот килограми и одржување на здравјето на срцето врз основа на внесување на помалку калории и избегнување на нездрави масти.

Доктор Дин Орниш на почетокот на 90-тите години утврдил дека едноставната вегетаријанска исхрана може да помогне во лекувањето на срцевите заболувања. Исто така, тој забележал дека ваквата диета во комбинација со вежбање го намалува стресот и помага при губењето на тежината. Истражувањата покажале дека со диетата на доктор Орниш се губат и до 10 килограми кои кај поголемиот дел од испитаниците никогаш не се вратиле. 

Маркетинг

Диета со компир и јогурт – до 5 килограми помалку за само 3 дена >>

Иако сето ова звучи одлично, на многу луѓе им е тешко да се откажат од месото и долгорочно да се придржуваат на вегетаријанска исхрана. Диетата вклучува претежно вегетаријанска храна, што значи дека треба да се избегнуваат сите видови на месо, риба и жолчки од јајце. Покрај тоа, диетата е сиромашна со масти, што често резултира со непријатно чувство на глад.

Маркетинг

Ако сакате да се ослободите од наслагите на стомакот, ова е вистинскиот појадок за вас >>

Каква храна е вклучена во диетата Орниш:
 

– Јадете ги сите видови на мешунки, овошје, житарки и зеленчук

– Јадете млечни производи со низок степен на масленост како млеко, сирење и јогурт (но, само во одредени количини, само 10 проценти од калориите треба да доаѓаат од масти)

– Избегнувајте месо (црвено и бело), масла и храна која содржи масло, вклучувајќи авокадо, маслинки, јаткасто овошје, семки, полномасни млечни производи и шеќер

– Вежбајте најмалку 30 минути пет пати неделно, или 60 минути три пати неделно

– Намалете го стресот со јога и медитација, или дружење со блиски луѓе

– Ослободете се од лошите навики како пушење или алкохолни пијалоци во поголеми количини

– Јадете често, но помали оброци.

Премини на следната страна >>

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
1 2Следна страница
Back to top button