Бесчувствителен си, но се уште те сакам! Писмо на една девојка која го мрази и сака своето момче во исто време!
Прочитајте го ова отворено писмо на една девојка кое е посветено на нејзиното момче во кое е лудо вљубена, но кој не ја заслужува…
Ако никогаш немате сакано и мразено некој во исто време, тогаш никогаш не сте биле вљубени. Ова им се има случено на милион луѓе ширум планетата, но секоја приказна е единствена сама по себе. Понекогаш емоциите прават проблем на почетокот на врската. Понекогаш почнуваме да чувствуваме незадоволство во врската, кога се сомневаме дека нашите партнери се одљубуваат и стануваат ладни. Тоа многу често се случува тогаш кога личноста ќе се обиде повторно да ја разбуди љубовта и емоциите во врската.
А така се чувствувам јас со тебе …
Го мразам твојата бесчувствителност, но и понатаму те посакувам.
Мразам колку си студен и бесчувствителен кон мене, но во тие кратки моменти кога ќе се загрееш покрај мене и кога ќе ми се покажеш себеси, посреќна сум повеќе од било кога во животот. Твојата насмевка ме прави да се чувствувам жива.
Мразам кога не сакаш да зборуваш со мене. Секако, ти изговараш зборови но муабетите ни се плитки. Чувствувам како да зборувам со твојата сенка. Јас само сакам со тебе да водам вистински длабоки разговори, на повисоко ниво, а ти тоа упорно не ми го дозволуваш.
Мразам колку те сакам
Зошто не можеш да бидеш личност за мене? Зошто не ми дозволуваш да те сакам? Но ако не ми дозволуваш да те сакам тогаш барем дозволи ми да те мразам потполно. Не можам да те сакам и мразам во исто време. Во мене се јавува тензија и напнатост која се шири, така што се чувствувам како дека ќе експлодирам во секој момент.
Но знам дека ова ќе се реши еден ден. Или ќе ме сакаш, или ќе најдам начин да преживеам без тебе. Тоа нема да биде лесно. Не сум ни сигурна дека е можно потполно да те заборавам и да те пуштам, но морам да се обидам.
Само жал ми е што ова би можело да биде една преубава приказна. Би можеле да бидеме совршен пар. Но јас не сум онаа која сето ова го упропасти.
Барем не овој пат!