Реклама
Блогерија

Блогерка од овие простори има колекција чанти вредна преку 100.000 фунти!

Реклама

Тамара Калиниќ по потекло е од Босна и Херцеговина, порасна во Нови Сад а од 18 година живее во Велика Британија.

Оваа бринета по потекло е од Босна и Херцеговина но порасна во Нови Сад, а од 18 години живее во Брајтон каде заврши студии по фармација. Но од пред неколку години нејзината љубов да пишува блог победи па таа одлучи да ја остави својата работа во аптека и full time започна да пишува својот блог. Ако судиме според нејзината колекција чанти, тоа беше вистинската одлука. Денес вредноста на нејзината колекција која брои преку 50 чанти изнесува 100.000 фунти. Еве ја во кратки црти нејзината приказна.

Маркетинг

„Постои само еден начин за лечење на скршеното срце – нова дизајнерска чанта. Кога раскинав со моето момче минатиот Божиќ, по три годишна врска, отидов во шопинг и потрошив 1600 фунти на нова темносина чанта од Celine. И не застанав тука. Дури и ја замотав и ја ставив под елката како поклон на самата себе, за да ја отворам следното утро. Иако знам дека материјалните работи не можат да не развеселат, ова не беше така!

Маркетинг

Купувањето чанти ми е едно од омилените хобија, тоа е како да одите во спа центар на еден ден. Ако сум тажна, ништо повеќе нема да ме развесели од одењето во продавниците на Gucci или Dior. Нивната услуга е неверојатна бидејќи навистина ве третираат како кралица. Додека ви помагаат околу купувањето ќе ви понудат пијачка и навистина ќе се потрудат околу вашиот избор. Кога излегувам од нивните продавници се чувствувам како да летам. Со една од тие чанти под рацете навистина сум среќна бидејќи носам нешто така убаво.

Мојата страст кон чантите започна кога мајка ми како тинејџерка ми купи чанта од Gucci. Бев екстатична, никогаш не ми досадно од неа. Ја носев секој ден додека не беше потполно уништена за повеќе да не може да се носи. Сепак, и денес ја имам, како мал сувенир. Кога имав 20 години прв пат си купив дизајнерска чанта, кожен модел од „Louis Vuitton“ за 600 фунти. Бев студентка и навистина ми беше тешко да дојдам до пари, но долго уа гледав и навистина бев возбудена откако ја купив. Мојата колекција во почетокот полека растеше, бидејќи морав да штедам за секоја чанта, но откако започнав со мојот блог од пред неколку години, колекцијата се зголемуваше се побрзо бидејќи се посветив на тоа да создадам совршена колекција.

Денес се обидувам да не ја преминат бројката од 50 чанти бидејќи сметам дека ако имате повеќе не ги користите во доволна мера па затоа ги подарувам ако добијам или купам нова. Во моментот ми е најдрага „Constance“ од „Hermes“ која чини околу 6000 фунти.

https://www.instagram.com/p/BOKxtuzBkH1/

Нова чанта купувам на секои шест недели, време за кое можам да заштедам околу 1800 фунти. За среќа можам тоа да си го дозволам, иако моите пријатели сметаат дека сум луда. Но, јас тоа не би го нарекла опсесија, туку страст.

Многу сум дарежлива со нив, па радо ги позајмувам. Зошто сите не би уживале во мојата колекција“, раскажува Тамара.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button