Порано жените поради проблемите со сува вагина, како природни лубриканти користеле маслиново масло путер животинска маст.
Денес овие маки се решаваат со широка палета производи кои се прилагодени за чувствителната слузокожа на вагината. Нивната основна намена е да го подмачкаат сувото вагинално подрачје кај жените кои имаат проблем со навлажувањето. Причини за овие проблеми можат да бидат менопауза, породување, стрес, депресија, дејство на некои лекарства, а сексуалниот односи поради тоа се многу болни, па со време може да се појави и одбојност спрема сексот. Токму затоа на жените со овие проблеми односот им го олеснуваат лубрикантите. Се нанесуваат или директно на клиторисот или на кондомот, а на пазарот има повеќе видови од овој производ.
Лубрикантите на база на масла се мошне ефектни, но можат да предизвикаат кинење на кондомите, па затоа најмногу ги избираат паровите кои не користат кондоми како контрацепционо средство или мажени жени во менопауза. Оние кои се на база на вода имаат маана што бргу се сушат, па не е доволно да се нанесат само еднаш, туку треба да се мачкаат по потреба. Силиконските лубриканти пак, се екстра влажни, но затоа се одличен избор за секси под туш
Овие производи можат да се користат и за орален секс, а ги намалуваат и шансите од случајни повреди за време на мастурбација. Не е тајна дека се користат и при анален секс, но покрај лубрикантите за оваа намена добри се и геловите со пробиотик и локални контрацепциони средства кои можат да се најдат во вид на вагинални креми.
Хормони и инфекции
Кај постарите жени до проблеми со сува вагина доаѓа поради хормоналниот дисбаланс, додека кај помладите заради инфекција. Најчести инфекции се кандида или габичните инфекции кои брзо и лесно се шират, па доаѓа до промена во ткивото. Токму затоа докторите на помладите жени првенствено им препорачуваат да користат средства кои го спречуваат развојот на инфекцијата и за одржување на вагиналната микрофлора.
Извор: Blic.rs