Имавме орален секс, но по мирисот и вкусот на нејзината вагина мислам дека ме изневерува!
Ова најверојатно е најлошиот (и најболниот) начин да дознаете дека вашето момче или девојка ве изневерува со некого.
На форумот на Reddit неодамна се појави едно момче кое реши своите сомнежи дека неговата девојка го изневерува да ги сподели со останатите форумџии, а неговото прашање звучеше отприлика вака некако:
„Мојата девојка во последно време многу често се гледа со еден свој пријател од нејзиното детство. Јас немав проблем со тоа, навистина, но последниве неколку пати се случи да го помине целиот ден со него и да си дојде касно навечер. Минатата недела беше кај него да гледаат некои филмови и си дојде дома околу полноќ. Поразговаравме најнормално, а потоа во еден момент и се приближив со намера да иницирам секс. Тогаш нејзиното расположение се промени, но јас бев упорен, па таа им се препушти на страстите. Сепак, се обиде да ја одбие и предиграта и моето инсистирање да добие орален секси, но јас не се откажав од намерата. Тогаш ситуацијата за мене станува навистина сериозна, бидејќи нејзината вагина, односно мирисот и вкусот беа потполно поинакви. Врската ни трае четири години, и имаме редовен секс, така што можам да забележам нешто чудно, а ова навистина не беше како обично. Вкусот беше поинаков, а и забележав дека нејзе и е многу непријатно што воопшто почнав со орален секс, што инаку не се случува бидејќи тоа ни е составен дел од нашата љубовна игра и досега НИКОГАШ не и било така непријатно. Кога го почувствував таквиот вкус се тргнав од неа. Едноставно како нешто да пукна во мене. Дали тоа значи дека имала секс со овој тип?“
Форумџиите во главно се согласија дека најверојатно станува збор за неверство, а некои пак дури и го обвинија дека ја силувал девојката бидејќи ја натерал на таков орален секс. Сепак, тој реши да почека за уште некој доказ, а тоа го направи на следниов начин:
„Таа повторно замина кај него, а јас решив да и го проверам Фејсбук и меилот бидејќи чувствував дека нешто не е во ред. Најдов неколку допишувања од кои е очигледно дека ме изневерува. Но да ја скратам приказната. На почетокот од разговорот тие разменија голи фотографии, а потоа решија да се видат. Покрај тоа таа во разговорот на едно место му вели дека планира да ме остави и да се пресели кај него. И кажав се кога се врати, таа се караше со мене и врескаше. Ја прашав дали имла секс со него, таа ми призна, но дека воделе љубов со презервативи. Бидејќи не и верувам, бев да се тестирам на полни болести. Едноставно сум згрозен, шокиран и уништен, Не ми се верува низ што поминувам. И дадов фора за еден ден да се исели од кај мене. По четири години врска, таа ми го приреди ова.
(reddit.com)