Реклама
Секс

Како да препознаете дали една жена е добра во кревет или не

Реклама

Помеѓу некои мажи и жени постои хемија, но тоа не е секогаш така.

Некои се привлекуваат, некои едноставно не се заинтересирани едни за други, но прашањето е на кој начин мажите ги избираат жените што им се допаѓаат и дали постојат некои непишани правила, односно трикови според кои претставниците на посилниот пол можат да утврдат дали некоја дама е добра во креветот, и тоа пред да водат љубов со нив.

Маркетинг

Еве што велат истражувањата

Дали можете да погодите колку некоја жена е добра во креветот без да имате било каков физички контакт со неа?

Маркетинг

1. Еве што вели на ова прашање Даниел кој има 26 години и веќе две години работи во Германија, „На прв поглед не. Постојат многу работи што ми паѓаат на памет, но дали е добра во кревет не е една од нив. Претпоставувам дека некои работи би можеле несвесно да ми го одвлечат вниманието, но само со гледање не би можел тоа да го проценам, а ова се однесува како за девојките во Македонија, така и за овие тука, во Германија“. 2. „Не. Еве на пример, јас сум претерано згоден, но ужасен сум во кревет“, се шегува Васе (22) од Струмица. 3. „Секако. Според начинот на кој одредена девојка танцува, многу добро можете да претпоставите каква ќе биде таа меѓу чаршафите. Многу подобро отколку кога ја гледате кога вози автомобил. Пробајте следен пат и уверете се и самите“, храбро искусниот Максим кој има 36 години и поприлично богато минато кога се во прашање жените.

Што прави една жена која е добра во кревет непосредно пред да води љубов?

1. Ова прашање најпрво му го поставивме на нашиот пријател Димитар и тоа преку социјалните мрежи. Еве што вели тој: „Ако е многу директна, ако имаме исти сексуални интереси и говори за сексот на специфичен начин, големи се шансите дека ќе се најдеме на половина пат. Јас не верувам дека постојат добри и лоши луѓе во кревет – сè е до искуството, како и до тоа дали и колку си одговараат“. 2. „Ако знае да флертува на суптилен начин, ако е искрена за својата сексуалност и искуствата, и најважно од сè ако имала доста партнери претходно со кои научила многу движења. Сакам да кажам дека искусните жени, кои знаат што сакаат, знаат и да флертуваат“, истакнува Беким (35). 3. Од друга страна пак, Слободан вели: „Ништо. Не постои нешто што може да се каже или стори за да ја направи привлечна во моите очи. Но, привлечноста и способностите во креветот немаат никаква врска едно со друго. Многу пати досега ми се случило поради некои знаци да мислам дека некоја девојка е виртуоз во креветот, а всушност сум се излажал“

Дали бакнежот е добар показател?

1. Според Бранко бакнежите и сексот немаат никаква заедничка врска. „Моите искуства се различни. Се случувало да сум со девојка која одлично се љуби, но во кревет е очајна. Од друга страна пак, со оние кои лошо се бакнуваат, понекогаш целиот однос може да биде многу непријатен“. 2. „Не! Една од моите најдобри љубовници најлошо се бакнуваше“, уверува Александар (33). 3. „Во поголемиот дел од случаите, девојката што најдобро се бакнува има одредени вештини кои го поддржуваат тој бакнеж“, открива Мирсад (27).

Па, дали се согласувате со ова?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button