Шминка

Омилените козметички производи и парфеми на една од најпознатите модни блогерки

Advertisement

Прекрасната Леандра Медине во светот на козметиката …

Advertisement

Познатата модна блогерка Леандра Медине за бјути магазинот „Into The Gloss“ откри како изгледа нејзината бјути рутина пред излегување. Таа откри дека веќе некое време не оди во клубови и таму да остане до доцните ноќни часови, туку нејзиното дружење со пријателите се случува по работното време. Тoкму затоа и е важно шминката да и трае преку целиот ден. „Ако тој ден носам нешто едноставно тогаш на очите ќе ставам ајлајнер и маскара, а на усните црвен кармин“, изјави Леандра за „Into The Gloss“. Таа обожава црвени кармини, а во моментот го користи карминот Carmen од NARS Audacious. Што се однесува до туш за очи, го бира оној од „Eyeko“, додека за веѓите ја користи маскарата „Glossierovom Boy Brow“.

Како никогаш повеќе да не изгледате несредено на работа >>

Advertisement

Кога станува збор за топлите денови, таа не користи шминки, туку исклучиво крема за лице и бронзер или „ Fluid Sheer “ од Армани за да го истакне природниот сјај на кожата. Од парфемите пак, омилени и се „Thé Noir 29“ и „Rose of No Man’s Land“.

Три бои на кармини кои мораме да ги имаме оваа сезона >>

Извор: Buro24/7.hr

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button