Реклама
Секс

Топ 5 места во Скопје кои е најдобро да ги избегнувате за секс

Реклама

Скопје е полно со скриени романтични места, но сепак, кога станува збор за вашите љубовни игри најдобро е овие места да ги избегнувате.

Водно

Маркетинг

Е никогаш, ама баш никогаш не треба да имате секс на паркингот (или во грмушките) на Средно Водно, освен ако не сакате преку ноќ да станете главна атракција на Јутјуб. Како? Па денес во ерата на мобилните телефони (и во време на легализација на капките од марихуана), секој може да ја сними вашата жестока акција, а на овие места во секое време има барем по два-тројца што си ставаат капки во очи… Мислам дека се разбираме, нели?

Маркетинг

Клупите во градски парк

Градскиот парк не е место да „пржите“ колбаси, па и кога се работи за „скара“ на брзинка! Можете да се играте колку сакате, тој да биде Тарзан, а вие секси Џејн, но избегнувајте ги клупите за секс бидејќи во секое време има барем еден пар очи кој будно го следи секое ваше движење. И тука не мислиме на животните од зоолошката градина..

Гаражи и паркинзи

Не Никако. Тие се мрачни и влажни, мирисаат и голема е веројатноста да има поставено камери во вашата близина. Па, ако НЕ сакате да водите љубов на место на кое можете да бидете видени, тогаш ова е последното место на кое треба да имате секс.

На покрив на зграда во Центар, Карпош или Аеродром

Не заборавајте дека во секое време може некој ненаспан комшија да ви викне полиција. Па и покрај тоа што се палите на згодни и разбацани мажи во униформа, кога ќе ги видите во ваква ситуација, веќе никогаш нема да се палите на нив.

Градски тоалет

Сексот на јавно место за некого може да биде возбудлив, но во нашите градски тоалети нема ништо возбудливо, верувајте! Освен ако не сте по садо-мазо спортовите, носите очила 5+ кои во моментот не ги носите и сте настинати, со затнат нос, имате температура, па воопшто не ви пречи волшебниот амбиент и непријатната миризба.

Па, што мислите, кое е најзае*аното место за водење љубов во Скопје?

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button