Реклама
Блог

Божјите заповеди според Груевски и новите Вмровци!

Реклама

ОК сите знаеме што донесе Мојсеј кога од Синајската Гора се врати во Израел, но кога оваа библиска сцена би се повторила денес, во библиска Македонија, сигурни сме дека на плочите на нашиот Мојсеј би ги пишувало следните заповеди:

grujoos

Јас сум Никола Груевски, волшебникот од Оз и твојот Бог, кој те изведе од земјата на комуњарите, од домот на ропството и те вработи во администрација затоа не смееш да имаш други богови покрај мене жив, здрав и се уште слободен. Не први изрезбан лик или некаква слика за она што се случува горе, на последниот кат во новата зграда на ВМРО ДПМНЕ, но и за она што се случува во нашето подземје. Не поклонувај им се и не им служи на ЕУ, НАТО и Американците, туку само на спомениците кои ги оставам во завет на тебе, но и на твоите правнуци кои ќе ги платат од свој џеб, бидејќи јас сум Волшебникот од Оз и ги казнувам гревовите на татковците издајници, односно на оние кои ме мразат и кои го фарбаат моето дело кои ќе ги казнам така што ќе мораат да ја напуштат ветената земја и да заминат на печалба, а од нивните пари, што ќе ги испраќаат на своите семејства, ќе земате плата вие, со партиска книшка …

Маркетинг

И запомни, јас сум милостив кон илјадници кои ме љубат, кои не веруваат на Фокус, Либертас и Плусинфо и кои ги пазат следните мои заповеди:

Маркетинг

Не убивај никого, освен ако не е комуњар, соросоид или од овие шарениве. Но, пред да го убиеш добро провери бидејќи ова не важи за Ѕинго, Стоименов и таквите како нив кои ќе ги познаеш по големината на стомакот!

Не лажи, освен ако не те повикаат во СЈО. Тие се пратени од демонот, а пред слугите на демонот никако не смееш да ја зборуваш вистината!

Шест дена оди во партијата, а седмиот обиди се да конвертираш некој комуњар. Ако не успееш, кажи го на Протогер да му е.е се по список!

Не посакувај ништо што не е твое, освен она што е на соросоидите.

Ако случајно налеташ на добра вест за мене на Фејсбук, задолжително лајкни ја, шерни ја, а ако си доволно писмен напиши и по некој коментар, Но, ако не си сигурен во твојата писменост, не пишувај коментари ни под разно!

Не слушај српска музика, освен Цеца, Карлеуша, Дара Буба Мара и Аца Лукас … Тие се светски, а светот само што не станал наш!

{youtube}wKEMCAey83U{/youtube}

Не вози велосипед, велосипедите се за шарените. Ако ги видиш по пат, згази ги!

Не споделувајте љубов преку телефон, не биди глуп како Ермира Мехмети и Муса Џафери. Користете Скајп и Омегле!

Не верувај му на твојот внатрешен глас кога ќе ти каже дека е време за промени и дека партијата се распаѓа. Јас сум твојот Бог и само јас можам да ти го покажам крајот.

Не мочај во близина на партиски штаб. А ако станува збор за штаб на СДСМ тогаш задолжително е и голема нужда.

Не бакнувај се со соросоидки и комуњарки во уста!

Не користи кондоми и не пиј ракија од тегла, бидејќи ако ти се симнам долу, ќе кажам да ти удрат два-три шамари и нема да ти ја вработам внуката од сестра ти.

Скопско не е наше! Наши се Каменица, Кожувчанка, Бучен Козјак, Радио Слободна Македонија и хотелот Мериот во центарот на Скопје.

Секој петок, пред спиење, повтори по десет пати – Саше Политико и Миле Паника се морони, Јанко, Миленко, Бетмени Велит и Трендо се цареви!

Не спиј со туѓа жена, освен ако не е жена на комуњар. Ова важи и за домашните животни.

Не сведочи против сопартиец, па и да е најголемиот криминалец во прашање.

НЕ верувај во аболиција, верувај само во мене!

Комуњар или соросоид, тоа е едно те исто. Тие немаат бог, тие веруваат во моќта на шушките, односно во доларите на Џорџ Сорос. Ти немаш доларчиња, ама затоа ме имаш мене. Јас Никола Груевски сум твојот единствен Бог.

И ако веруваш во мене – ниту ќе копаш, ниту ќе ораш, а субвенции ќе земеш!

Спомни си дека и ти некогаш беше роб, рмбаше по цели денови за џабе во безбожната земја на комуњарите, и дека од таму те извадив јас твојот Бог, со силна рака и со малку помош на овој паднатиот ангел Љубчо, Удба и ЕЈП. Затоа ти заповедам да не се откажуваш од мене и кога ќе видиш дека сум полн како брод, а ти тонеш во долгови како Грција.

И запомни, ако те фатат како крадеш како овој Талевски, кажи на сиот глас името НЕ го даваме!

А ако ме затворат, не заборавај дека и Исус се жртвувал за народот…

И бегај од Катица, Ленче и Фатиме, како вампир од крст!

Робин Худ Џуниор

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button