Време е за подароци!
AA Cosmetics и онлајн магазинот Штипка на една среќна добитничка ќе и додели ноќен крем и крем за околу очи АА Oil Infusion + 30 за убаво и нежно лице без брчки. Станува збор за иновативни антиалергиски производи, без додатни парабени, изработени по највисоки европски стандарди. Третманот против брчки е врз база на подмладувачкиот ефект од скапоцените масла од Марула и Арган, како и на коензимот Q10. Маслото од марула често се нарекува и златната состојка и се добива од семето на дрвото Sclerocarya birrea попознато под името Марула кое се наоѓа во Јужна Африка. Ова семе е богато со природни атиоксиданси, витамин Ц и Е, полифеноли и омега-9 киселини. Ова масло обезбедува интензивна хидратација и измазнување на кожата и го стимулира нејзиното обновување. Коензимот Q10 и дава на кожата виталност и го забавува процесот на стареење, додека маслото од Арган ја храни и зајакнва кожата и ефективно ја контролира хидратацијата.
Цената на овие производи можете да ги видите тука, а доколку сакате да прочитате рецензија за нив од нашата блогерка Алек Потер, кликнете тука.
Како да го освоите подарокот?
Се што треба да направите за да го добиете подарокот е да почнете да не следите на Инстаграм (@stipkamagazine) и во коментарите под фотографијата (види тука) да тагирате неколку ваши пријателки (или личноста на која би сакале да и го дадете како подарок овие производи!). Повеќе информации за производите можете да добиете на линкот во биографијата на нашиот Инстаграм или доколку кликнете на следниот линк:
Подароците ќе ги доделиме на 03.06. 2016 (петок), а во предвид ќе се земат и коментарите од нашата официјална Фејсбук страница
Правила на Инстаграм:
Инстаграм не ја спонзорира, администрира ниту на кој било начин поддржува оваа промоција така што не е поврзан со неа на кој било начин. Доколку сакате да добиете некој од овие подароци, потврдувате дека се согласувате да ги следите правилата кои се напишани од страна на порталот Штипка, а не на Инстаграм.
Па, ако сакате да освоите подарок, кликнете тука …
Среќно!